еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Смртна закана кон сопругата го спречила Јанчев да гостува во телевизиска емисија

Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, кој неодамна беше разрешен од раководството на партијата вечерва не пристигнал во емисијата „Отворено“ на телевизијата 24 вести поради смртните закани што ги добиле членовите на неговото семејство.

Јанчев телефонски се вклучи во емисијата и појасни дека закани добиваат тој и членови на неговото семејство од пред референдумот, а вечерва закана по телефон добила неговата сопруга.

„Тоа беше една од причините да не присустувам, бидејќи сакам да бидам со семејството. Сите закани ги имам пријавено во полиција. Пред референдумот имав закана дека ако излезам да гласам наскоро ќе се сретнам со мојот татко, кој е покоен“, нагласи тој.

Заканите преку социјалните мрежи смета дека се од ботови, но за оние преку СМС пораки кажа дека ги пријавил телефонските броеви и се надева дека ќе бидат откриени.

Тој истакна дека за ова разговарал со раководството на партијата.

„Со Мицкоски разговарав и пред пет минути и пред еден месец. Тој ме уверува дека тоа не е од негова страна и од страната на ВМРО-ДПМНЕ. Јас би сакал да верувам во тоа, да живеам нормално, како нормален човек, да фуккцонирам нормално со моето семејство“, рече градоначалникот на Кавадарци.

На денот кога бил разрешен, истакна дека Мицкоски лично му се јавил и му понудил дали сака сам да си поднесе оставка или да биде разрешен, на што тој одговорил дека нема намера да си замине од партиската функција.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рангелова: Раководни лица од ВМРО-ДПМНЕ вршат притисок, Митко Јанчев затоа не се појави на телевизија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Бараат Владата да каже за што преговара со Бугарија: Протести на ВМРО-ДПМНЕ со блокади на сообраќајот во Скопје и други градови

Редакција

Нов фамилијарен кластер во Скопје, заразени и 4 деца, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот

Редакција

Објавен конкурсот за 50 стипендии за студенти од Балканот со македонско потекло

Редакција