еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Снема вакцини: Вакцинацијата за сезонски грип продолжува од понеделник

Центрите за јавно здравје ќе обезбедат дополнителни количини комерцијални вакцини за сезонски грип, а вакцинацијата за грип продолжува од понеделник, информираат од Министерство за здравство.

„Министерството за здравство, годинава првпат овозможи 28.000 дози на бесплатна вакцина против сезонски грип за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Станува збор за четиривалентна вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и е во производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.

Но, паралелно со Министерството и 10-те центри за јавно здравје самостојно реализираа постапки за јавна набавка за 13.100 комерцијални количини вакцини, како и претходните години, a годинава се обезбедени вкупно 41.000 доза вакцини против сезонски грип, односно годинава бројот на вакцини е за околу 45 отсто поголем, во однос на претходните сезони.

Напоменуваме дека секој Центар за јавно здравје самостојно врши проценка за обезбедување на потребните количини вакцини за подрачјето кое го покрива.

Вакцината против грип е незадолжителна, но препорачана за хронично болни и возрасни пациенти“, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починале 4 лица кои повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

Доктор Беќаровски: Врие од лажни сертификати

Редакција

Кристина Арнаудова за „Проектот куќа“: „Иако цела година упатувам апели и барања, нашето општество не е навикнато да се вклучува во проекти за помош на најзагрозените“

Редакција