еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Снежни врнежи: Однесување на пешаците во сообраќајот кога има снег

Додека пешаците се најранлива категорија учесници во сообраќајот, возачите, пак, се оние кои најчесто предизвикуваат или учествуваат во сообраќајна незгода. Зимата и зимските услови на патиштата предизвикуваат сериозни проблеми, како за возачите, така  и за пешаците.

Во зима, времето е студено, денот е пократок, а појавата на магла е зачестена и значително е намалена видливоста на патиштата. Во вакви временски прилики, кога улиците и тротоарите се лизгави, а утринските и дневните температури се во минус, најзагрозени во сообраќајот се пешаците – нивното движење станува опасно и отежнато.

Без разлика дали се движат на тротоар, на пешачки премин или преминуваат преку улица, сепак тие се најподложни на повреди. Секојдневно страдаат голем број пешаци независно од нивната возраст, пол или способност, а најчесто повредени пешаци се повозрасните луѓе.

Водејќи се од ваквата состојба, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги советува пешаците како безбедно да учествуваат во сообраќајот:

1.Оставете го мобилниот телефон додека се движите – рассеаното движење е опасно!

2.Останете видливи и дење и ноќе! Носете светла, рефлектирачка облека или предмети. Додадете рефлектирачка лепенка или елек на вашата јакна или торба.

3.Носете соодветни и добро одржувани обувки за да го намалите ризикот од паѓање на лизгавите површини.

4.Планирајте ги вашите излегувања или состаноци. Обидете се да бидете надвор додека е ден и додека се добри временските услови. Оставете си повеќе време кога патувате во текот на зимата, така што нема да мора да „стрелате“ низ сообраќајот за да го фатите автобусот!

5.Избегнувајте да носите работи поради кои би можеле да го изгубите балансот додека одите.

6.Преминувајте ја улицата само на обележан премин. Никако не претрчувајте и не ја поминувајте улицата надвор од обележан пешачки премин.

7.Остварете контакт со очи со возачот на возилото што доаѓа кон вас. Почекајте додека не поминат сите возила, пред да тргнете по улицата.

8.Држете ја главата горе и внимателно следете го сообраќајот! Не дозволувајте нешто друго да ви го одвлече вниманието. Имајте во предвид дека: на замрзнати коловози, возачите се соочуваат со сериозни предизвици и дека во такви услови, потешко се запира возилото, односно неговиот сопирачки пат е подолг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снежни врнежи: Што треба да знаете кога возите по снег

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања

Редакција

Кога и каде Заев ќе оди на одмор

Редакција

(Фото) Првата дама на „Глобален женски појадок“: Женското лидерство во науката е неопходно

Редакција