еМагазин
Image default
Македонија

Снимки и нови материјални докази ќе бидат презентирани на судењето за „Рекет”

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет” во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милески- Кичеец, кој пак на првото рочиште призна вина и беше осуден на три години затвор.

Во петокот претседателот на судечкиот совет Васка Николовска Мазнева на почетокот на рочиштето ја исклучи јавноста поради тоа што требаше да се пуштаат снимки кои содржат материјали кои, како што рече, би изнеле содржини од приватниот живот на дел од обвинетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето за “Рекет“ денеска затворено за јавноста, Боки 13 се пожали дека го нападнале затворски службеници

На влегување во судницата, обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 на новинарите им рече дека доцни на рочиштето поради тоа што бил физички нападнат од затворските службеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки се налути за снимките на Кичеец, ќе ја отвори ли Пандорината кутија?

Обвинението за „Рекет”, го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците попусто чекаа прием за бугарски пасоши: Бугарија воведува нови правила

Редакција

Убава вест: 111 оздравени од Ковид-19

Редакција

Истрага „Хармонија“ на СЈО: На Балканскиот универзитет му биле продадени парцели по багателна цена

Редакција