еМагазин
Image default
Македонија

Снимките кои Милошоски ги достави до Русковска дадени на вештачење

Обвинителката Вилма Русковска во врска со снимките кои поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ги достави до неа, а за кои тои тврди дека се индиции за злоупотреба на службената должност на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска рече дека истите се дадени на вештачење.

-Значи, првата снимка што ја донесе Милошоски и оваа вчера што ја донесе се дадени на вештачење. Така што, го чекаме наодот на вештачењата. Исто така, Милошоски го замолив доколку може, нормално, да обезбеди некои сведоци кои би го поткрепиле тоа што е на снимката, и на едната и на другата, рече Русковска.

Нагласи дека тој од неа побарал да обезбеди снимки од кабинетот во Владата од цел мај минатата година, што рече дека е несериозно, „затоа што којзнае колку луѓе биле во кабинетот на тогашниот премиер за месец дена“.

-Доколку посочеше конкретен датум сигурно дека ќе се побараше снимка, додаде обвинителката.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски ја предаде „бомбата“ на Русковска за наводно мешање на Заев во судската власт

Заев: Снимките на Милошоски веројатно се од разговори со групата исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) Нова „бомба“ на Антонио Милошоски: „Заев договорал одлуки на Врховниот суд“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешни градоначалници сведочеа дека Ристовски и Јанакиески не организрале партиски членови за протестите на „За заедничка Македонија”

Редакција

Имотот не е ВМРО, туку народот, вели Мицкоски за судската одлука за конфискација на партиското седиште

Редакција

Средба Заев-Ахмети: За „метлата“ прво ќе водат разговори во СДСМ и ДУИ

Редакција