еМагазин
Image default
Свет

Сноуден: Бев лицето кое најмоќната земја на светот сакаше да го „тргне“

Едвард Сноуден, поранешниот американски разузнавач и свиркач, изјави дека дури и неговите поранешни критичари признале дека благодарение на неговите откритија денеска се живее „во подбар, послободен и побезбеден свет“.

Во екслузивно двочасовно интервју дадено во Москва по повод годишнината од објавувањето на своите мемоари, Сноуден за лондонски „Гардијан“ зборуваше за својот нов живот и плановите за иднината.

Првпат детално опиша што го навело да ги открие деталите за тајните програми кои ги води американаката Агенција за национална безбедност (НСА) и британскиот таен штаб за комуникација.

Вели дека бил загрижен заради настојувањето на американската Влада со помош на големите интернет компании да прибира податоци за сите земји, бележејќи го нивниот секојдневен живот.

Наведе дека се помирил со фактот дека остатокот од животот ќе го мине во Русија, иако повеќе би сакал да живее во САД или Германија, но додаде дека во Русија е опуштен и е во состојба да води помалку или повеќе нормален секојдневен живот.

Според него, сега помалку се плаши отколку кога пристигнал во земјата во 2013 година, кога се чуствувал осамено, изолирано и параноично заради можноста американските агенти да го ликвидираат на улица, бидејќи сакале одмазда за стореното.

-Бев лицето кое најмоќната земја на светот сакаше да го „тргне“. Не им беше грижа дали сум заминал во затвор. Само сакаа да си заминам, рече Сноуден.

Стравот дека рускиот претседател Владимир Путин може да му го предаде на неговиот американски колега Доналд Трамп „како подарок“ исчезнал во оној момент кога се заладиле односите меѓу Москва и Вашингтон, пренесоа агенциите.

Сноуден во Русија живее од 2013 година, откако ги откри податоците на НСА за илјадниците тајни документи во врска со масовниот надзор. Тој не може да ја напушти земјата заради стравот од екстрадиција во САД, кои издадоа налог за негово апсење.

Шест години подоцна Сноуден е еден од најпознатите бегалци во светот: за него е снимен документарен филм што освои Оскар, еден холивудски филм, а посветени му се и повеќе од 10 книги.

Заради неговите откритија во САД и Велика Британија се воведени нови закони за надзор, а интернет компаниите, реагирајќи на бунтот на јавноста заради кршењето на приватноста, воведоа мерки за заштита.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија ќе ги згрижи дезертери од руската армија

Редакција

СЗО: Компаниите треба да си помагаат во производството на вакцини

Редакција

Повторно уапсен поранешниот американски претседател Трамп

Редакција