еМагазин
Image default
Македонија

Со дополнителни докази на одбраната продолжува судењето за „27 април“

Судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија продолжува денеска во Кривичниот суд со изнесување дополнителни докази на дел од обвинетите.

На минатото рочиште се читаат пораки од телефони на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивната вибер група, како дел од дополнителни докази од Обвинителството.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: До 11 часот излезноста на изборите 10.22%, има проблеми со читањето на отисокот при гласање

Редакција

ДИК ќе формира комисија за увид во избирачкиот материјал од гласачко место 543 во Дебар

Редакција

Бројките се зголемуваат: Нови 74 случаи на Ковид-19 од 4.582 тестирања

Редакција