еМагазин
Image default
Локално

Со едрилици се возеле за време на полициски час

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик“.

„Двајца обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Во одделни кривично правни настани полициски службеници констатирале дека тие го прекршиле полицискиот час и без да поседуваат дозвола се движеле со пловни објекти – едрилици низ Охридското езеро.

Едно лице е обвинето затоа што се движело пеш низ Струга во време кога во сила била забраната за движење на населението согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија.

Четвртиот обвинет не ја почитувал задолжителната мерка за строга изолација. Имено, тој по пристигнување на територијата на државата имал обврска да биде во 14-дневен државен карантин во хотел Дрим во Струга. Но од страна на полициските службеници бил затекнат како се движи низ ходникот од објектот.

Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети му предложи на Судот да определи парични казни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност“, соопшти обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекар во пензија, кој се ангажирал да помогне е вториот позитивен на коронавирусот во Пехчево

(Фото) 85 годишната Елена Макалоска најстар излекуван пациент од коронавирусот во Прилеп

Владата и на „Вибер“ ќе информира за новите информации поврзани со корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Скопјанец прегази двегодишно девојче

Редакција

Изречени 210 санкции за учесниците во сообраќајот во Скопје

Редакција

Вкупно 52 пожари во последните 24 часа, четири сè уште активни

Редакција