еМагазин
Image default
Локално

Со фалсификувана диплома за средно образование се вработил во охридскиот суд

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ѓ.(40) од село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,повреда на права од работен однос” и продолжено кривично дело ,,фалсификување исправа” и „ поттикнување“, информира МВР.

Пријавениот, кој немал завршено основно образование, со цел обезбедување на документи за вработување на работно место со повисока стручна спрема, поттикнал непознато лице да му набави фалсификува исправа. Откако лицето му набавило фалсификувана албанска диплома за завршено средно образование, ја употребил на конкурс за вработување објавен во 2014 година, врз основа на кој се вработил во Основен суд Охрид на работно место „судски правен референт“ со надомест на плата од 16.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руски рулет во гостиварско: Во еден ден откриени 17 неисправни возила кои вршат јавен превоз

Редакција

Почина 19-годишното момче од Сараќино кое беше повредено во сообраќајка на 16 јануари

Редакција

Скопјанец со возило удри во 13-годишно девојче

Редакција