еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Со Грција сме поврзани само со автобус

Во време кога се прават напори конечно двете соседни земји, Македонија и Грција нормално да почнат да соработуваат, истите се поврзани само со автобус.

Годинава Македонија сообраќај ја укина линијата до Солун, откако ја загуби дозволата за таа линија, која не беше обновена во мај како што беше најавено, а сега од Скопје до Солун и обратно секој ден вози грчката компанија Сименоидис турс.

До Солун возат и автобуси на неколку агенции и други превозници, но со тие линии македонските граѓани неможат комотно да си планираат патување за Грција поради временските ограничувања.

Од време на време Македонија е поврзана со Грција со воз, но во моментов возот кој доаѓа од Белград, патниците ги носи до Гевгелија, а од таму истите до Солун се пренесуваат со автобус.

За годинава беше најавено дека по неколку децении повторно ќе биде биде обновена авионската линија помеѓу Скопје и Атина, но од овие најави засега нема ништо.

До Атина треба да лета грчката авиокомпанија Еџиан ерлајнс, од каде соопштија дека го контактирале македонското Министерство за надворешни работи.

Во 90те години, имаше авионски лет од Скопје до Атина, кој подоцна беше прекинат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО повикува на смирување на тензиите околу Украина и нуди дијалог на Русија

Редакција

Починаа 34 лица од Ковид-19, најмладиот на 42 годишна возраст

Редакција

Најголем дел од починатите од Ковид-19 имале кардиоваскуларни болести

Редакција