еМагазин
Image default
Локално

Со истрел од воздушна пушка повредил шестгодишно девојче

На 25.05.2020 околу 20.30 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека во с.Белица, Македонски Брод, во куќа сопственост на С.Т., З.К.(44) од Скопје, кој престојувал како гостин, со воздушна пушка на С.Т. испукал една дијабола кон метално буре во дворот, при што повредил шестгодишно девојче од Скопје, кое со нејзината мајка А.Ц., исто така, престојувала во куќата, информира МВР.

Според пријавеното, З.К. ја земал пушката без согласност и одобрение од С.Т.. Девојчето било пренесено во ЈЗУ-Македонски Брод за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. За настанот бил запознаен јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворена истрага за скопјанецот кој направил „мини-плантажа“ со марихуана во домот во Козле

Редакција

Струмичанец од Фејсбук земал фотографии од четири девојки и ги објавил на сајт за возрасни

Редакција

Арачиновец тепал малолетник во кругот на основното училиште

Редакција