еМагазин
Image default
Локално

Со камион намерно удрил во полициско возило, а „колега“ ги оневозможил полицајците да го стигнат

На 28.09.2019 во 20,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот с.Бродец-с.Танушевци товарно моторно возило удрило во службено патничко моторно возило „дачиа дастер“ откако полициски службеници му дале знак за запирање и потоа се одалечило од местото на настанот, информира МВР.

При обидот да го стигнат полициските службеници биле попречени од патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(29) од с.Гошинце кој бил лишен од слобода. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец почина по „тумбање“ на автопатот Гевгелија-Скопје

Редакција

Се запали локомотива на патничкиот воз Гевгелија-Скопје

Редакција

Целосно изгоре куќа во пожар во Куманово

Редакција