еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Со купувањето на Охридска банка од Шпаркасе: Глигор Бишев повторно меѓу „најголемите“ во банкарскиот пазар

Без премногу врева помина информацијата дека Шпаркасе банка ја купува Охридска банка од француската групација Сосиете Женерал иако во домашниот банкарски сектор ретко има вакви примери.

Со оваа зделка полека се остваруваат препораките дека е потребно да се окрупни капиталот на банкарскиот пазар. Во земјава има 15 банки, од кои бројот на банките во претежна странска сопственост е единаесет.

Со спојувањето на Охридска банка кон Шпаркасе водечкото банкарско трио во земјава Стопанска банка – Скопје, Комерцијална банка и НЛБ Банка добиваат сериозна конкуренција кога се во прашање големите банки.

Интересно е што ова се случува додека прв човек на Шпаркасе банка е Глигор Бишев кој ја извршува функцијата претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје” од 6.6.2013 година.

Од 2000 година, Бишев ја извршуваше функцијата главен извршен директор и претседател на Управниот одбор во Стопанска банка АД Скопје.

Инаку, тој својата кариера ја започнал во 1984 година во Народната банка на РМ, најпрво како помлад економист, а подоцна во 1993 година како генерален директор, за во 1994 година да биде назначен за вицегувернер и во периодот од 1997 до 2000 за заменик гувернер на Народната банка на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охридска банка Сосиете женерал се продава на Штаермеркише Шпаркасе

Прегрупирање во банкарскиот сектор: Шпаркасе си купува златна кокошка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Конзулатот на Русија во Битола му го украдоа знамето

Редакција

ЕУ предупредува за можен бојкот на изборите, Франција останува тврда за старт на преговорите

Редакција

Во болницата во Штип од Ковид-19 почина една пациентка, на кислородна поддршка се 28 лица

Редакција