еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Со маска, шал или марама во банка ќе одиме 200 дена по завршувањето на вонредната состојба

Владата планира строгите правила за посета на банка поради спречување на ширење на корона вирусот да траат 200 дена по завршувањето на вонредната состојба односно некаде до средината на декември, 2020 година.

Тоа значи дека до тогаш банките ќе мора да обезбедат редари и нема да смеат да пуштаат клиенти кои не носат маска, шал или марама како заштита.

Во Службен весник веќе е објавена Уредбата со законска сила за примена на законот за банките за време на вонредна состојба со која банките и штедилниците се должни да обезбедат редарска служба при влезот во и при излезот од објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбеди спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и да не дозволи влез во објектот на лица кои не носат заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот.

Банките и штедилниците се должни да постават соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на корисниците на услугата пред и внатре во објектот.

Ознаките се поставуваат на растојание од најмалку два метра и тоа: пред секој шалтер на кој корисниците на услугата пристапуваат за вршење финансиски услуги, како и во дијаметар од 10 метри пред влезот на објектот.

Банките се должни најмалку еднаш неделно, а штедилниците најмалку еднаш месечно да вршат превентивна дезинфекција во објектите во кои се вршат финансиски услуги.

„Банките и штедилниците се должни на вработените лица кои работат во објектите или имаат контакт со клиенти да им обезбедат заштитна опрема (ракавици и маски) кои се должни да ги носат во текот на целото работно време.

Во банките и штедилниците во исто време, заедно со вработените, не смее да има:

– повеќе од 5 лица во просторија до 50 квадратни метри;

– повеќе од 10 лица во просторија од 50 до 100 квадратни метри;

– повеќе од 15 лица во просторија од 100 до 200 квадратни метри и

– повеќе од 20 лица во просторија над 200 квадратни метри.

Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на банката или штедилницата ако постапува спротивно на одредбите на оваа Уредба со законска сила.

Оваа Уредба со законска сила се применува за време на траењето на вонредната состојба како и 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба“, пишува во Уредбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Без маска, шал или марама веќе нема влез во банка

Нови правила за работа на компаниите кои даваат поштенски услуги

Убава вест: Излекувани 301 лица заболени од коронавирусот во Македонија, 29 се здравствени работници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема најава за делегација од Бугарија за роденденот на Делчев, Ковачевски апелира на мирно и достоинствено чествување

Редакција

Обвинителство го изготви барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Редакција

92% од вработените нема да работат во недела: Владата го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи

Редакција