еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Со претходни заболувања, едно лице имало контакт со потврден случај, детали за новопочинатите од корона вирусот

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес на 78-годишна возраст, хоспитализирана на 14 мај, информираа вчера од Министерството за здравство.

Во ГОБ „8 септември“ пак почина пациент од Тетово на 84-годишна возраст, примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје на 76-годишна возраст, примена на 19 мај.

Детали за новопочинатите од корона вирусот соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Пријавени се 3 смртни случаи. Случаите се на возраст од 76-84 години, со присутни симптоми и коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале.

Починатите се без историја на патување, а еден од нив имал контакт со потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Вкупната бројка на починати од компликации од вирусот во Македонија е 116.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца од новозаразените со корона вирусот немале контакт со потврден случај

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите претходни заболувања кај пациентите со коронавирус во Македонија

Редакција

Протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стартешките национални интереси на Македонија, вели Петровска

Редакција

Колкава плата лани имал Слободан Кутревски: Пекабеско ги објави платите на менаџментот

Редакција