еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Со заем од ЕБОР ќе се купуваат 35 еколошки автобуси за Скопје

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе овозможи набавка на 35 нови автобуси на компресиран природен гас (КПГ) за Скопје, како одговор на растечката побарувачка за почист и поодржлив јавен превоз. Новите автобуси ќе ги намалат емисиите на јаглерод диоксид за најмалку 15 отсто.

„Заем гарантиран со државна гаранција од ЕБОР во износ од 10 милиони евра, ќе го подобри и модернизира работењето на автобусите, ќе го зајакне јавниот транспорт и ќе го подобри квалитетот на воздухот. Покрај набавката на КПГ автобусите, кои ќе ги заменат постоечките автобуси кои работа на дизел гориво, проектот ќе помогне во подобрување на работењето на самата компанија, Јавно сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, кое е во целосна сопственост на Градот Скопје“, велат од ЕБОР.

Пакетот за техничката соработка ќе му помогне на Градот Скопје за изготви Акционен план за зелени градови до 2020 година. Ова е основата, преку која секој поединечен град вклучен во оваа програма, потпишува дека се вклучува во Програмата за зелени градови на ЕБОР, определувајќи сопствени цели за еколошко подобрување на состојбите и мапира начини како истите да ги постигне.

Скопје е еден 20 градови кои се вклучија во оваа Програма за зелени градови на ЕБОР, под која 15 градови веќе работат со поединечни индивидуални Акциони планови за Зелени градови (АПЗГ).

Набавката на новите автобуси е почеток на проектот од оваа програма за зелени градови на ЕБОР, во кој Градот Скопје планира да се инволвира.

Поддршката за техничка соработка во износ од 1,1 милион евра е поддржана од Акционерскиот специјален фонд (АСФ), и ќе биде достапна за потребите на поддршка во реорганизација на работењето на автобусите во Скопје и подготовката на Акциониот план за Зелени градови.

До денес ЕБОР има инвестирано 1 милијарда 832 милиони евра во 113 проекти во македонската економија, од кои најголем дел се во секторот на инфраструктура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државниот инспекторат за животна средина препорачува наместо мазут, БЕГ да користи еколошки енергенси

Редакција

(Фото) Ако го загадуваш Водно, се загадуваш себе си

Редакција

Општина Карпош објави оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди

Редакција