еМагазин
Image default
Македонија

Со завршни зборови, судењето за „Рекет“ продолжува на 19 мај

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 19 и 20 мај кога завршни зборови ќе даваат обвинителството и одбраната.

Во судот Катица Јанева, денеска даваше исказ, со што заврши доказната постапка за предметот “Рекет“, во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Судот, на барање од одбраната, ја исклучи јавноста во делот од судењето каде Јанева сведочеше за доверливи информации за предметот „Рекет“, во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Претходно, таа изјави дека со Бојан Јовановски прво неколку пати разговарале за гостување во емисиите на ТВ1, по што освен официјалните средби, развиле и неформално пријателатво и кафе пиење.

– Со Бојан најмногу разговаравме за модата, а зборувавме и за љубовта. Тој ме прашуваше што и како ќе носам во емисиите, а знаеше и да ме критикува за гардеробата, изјави Јанева.

Таа нагласи дека со Јовановски никогаш не разговарале за работата во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), укажувајќи дека ако имала потреба тоа го правела со обвинителите во СЈО.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанева на судењето за „Рекет“: Со Бојан Јовановски не разговаравме за СЈО, туку за модата и љубовта

Јанева сведочеше за „Рекет“: Не сум виновна, Камчев не бил привилегиран, а пари немам земено

Јанева на судењето за „Рекет“: Да знаете што се знам од 660-те илјади фајлови, сигурно не би била тука

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради болест на на обвинетиот Мартин Протуѓер, судењето за „Титаник“ одложено за 24 септември

Редакција

На мирен протест во Битола побарана слобода и правда за Ламбе Алабаковски

Редакција

Клиниката за инфективни болести има доволно заштитна опрема и соодветно се употребува

Редакција