еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Со жив ѕид ќе се брани Водно од багерите

На терен градат, на терен ќе се брани, порачаа од здружението „Го сакам Водно“ чии активисти од денеска натаму со жив ѕид пред багерите ќе се обидат да го спречат кастрењето на шумата и изградбата на гасоводот преку Водно. Тие ги повикаа сите засегнати граѓани да им се придружат во одбраната.

„Во држава каде прекршоци се нормална работа и се спроведуваат вакви проекти полни со нерегуларности, останува на нас да браниме со живи тела.

СТОП за непромислени и лоши проекти!

Се гледаме пред багери!“, напишаа од „Го сакам Водно“.

Фото:Фејсбук/Го сакам Водно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата тврди дека годинава бројот на загадени денови е помал од претходните години

Редакција

Собрани 235 илјади евра од продажбата на пластични кеси, а за десет пати е намалена нивната употреба

Редакција

УСЈЕ: Не сме причинител за состојбите со животна средина во Скопје – користиме најдобра пракса во работењето согласно стандардите на ЕУ

Редакција