еМагазин
Image default
Македонија

Со зурли и тапани стотина граѓани пред Судот за поддршка за обвинетите за настаните од 27 април

Со зурли и тапани стотина граѓани пред Кривичниот суд даваат поддршка на обвинетите за случувањата во Собранието на Република Македионија од 27 април минатата година, случај за кој денеска е закажано првото рочиште.

Присутните пејат македонски песни и визвикуваат „Европа мафија“ и „НАТО фашисти“.

Во моментов пристигнуваат обвинетите, а пред Кривичниот суд има големо полициско обезбедување.

Предметот, како што е најавено ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска,  за кој веќе се закажани 37 термини за главна расправа.

Јавното обвинителство на Република Македонија, во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од Кривичниот законик, а две лица за помагање при вршење на истото кривично дело.

Според ЈОРМ, со обвинителниот акт се опфатени три лица, припадници на структурите на Министерството за внатрешни работи, кои како овластени службени лица биле носители на „златна“ и „сребрена“ команда, како и лица кои биле учесници во друга група, како организатори на движењето „За заедничка Македонија“.

МИА/Фото: А1Он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Груевски на Фејсбук: Загрижувачки вести од работата на комисијата за историски прашања со Грција

Редакција

Корупцијата и недовербата во институциите едни од причините што за 8 години се иселиле 700.000 или секој четврти граѓанин

Редакција