еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собирање во групи причина за нови кластери со заболени со коронавирусот во тетовскиот регион

Собирањето на луѓето во групи и непридржувањето до мерките и во тетовскиот регион е причината за драстичното зголемување на бројката на заболени со Ковид-19 и создавањето на нови кластери. Вака ја окарактеризира големата бројка на нови заболени, Наим Скендери, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје во Тетово.

– Денеска имаме 10 нови случаи во Тетово и околината. Од нив се повеќето луѓе што биле во контакт со заразено лице, но има и нови кластери, што е најголемиот ризик. Jавувањето на нови кластери со тоа бројката ќе се зголемува. Имаме три нови кластери, а вкупната бројка беше околу 25 кластери.

Општините Тетово со селата и Боговиње со селата ги имаат најголемиот број од случаите, рече Скендери.

Тој посочи дека луѓето не треба да се релаксираат и да се придржуваат до мерките, бидејќи вирусот се уште е тука.

-Ситуацијата во Тетово и околината епидемилошки не е добра поради тоа што граѓаните за жал не ги почитуваат мерките кои се дадени од Министерство за здравство и Институт за јавно здравје.

Периодот што следи нашиот апел ќе продолжи да биде каков што бил порано, да нема собирање на групи, да нема идење на фамилијарни посети и обавезно носење на маски и социјална дистанца меѓу луѓето. Исто така да не се собираат како што гледаме во градот голем број луѓе пред банки, пошти, рече Скендери.

Според податоците на Министерствот за здравство во тетовскиот регион досега се бележат 161 заболен од кои активни 73, како и вкупно 15 смртни случаи.

МИА/Фото: Општина Тетово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем раст: 40 нови случаи на заболени од корона вирусот, од кои 26 во Скопје

Убава вест: Оздравени уште 11 пациенти заболени од корона вирусот, вкупната бројка 1.378

Од корона вирусот почина 56-годишен пациент од Прилеп, вкупната бројка до сега 111

Каква мака треба да имаш за да го чекаш министерот за здравство пред врата, за да те примат на Клиника

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Младите македонисти објавија Проглас за заштита на македонскиот јазик и книжевност

Редакција

Макстил ја зголеми добивката

Редакција

Османи се правда: Изјавата дека не му е важна истрагата за Пендиков била извадена од контекст

Редакција