еМагазин
Image default
Да помогнеме

Собрани половина од средствата за лекување на четиригодишната Симона Хаџи-Тошев

Собрани се околу 70.000 евра за лекување на четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, која боледува од леукемија, изјави за МИА Борис Шарковски, пријател на семејството, но и дел од тимот, што ги организира хуманитарните акции.

Тој рече дека тоа се речиси половина од средствата кои се потребни за лекување на малата Симона, која во моментов е хоспитализирана на Клиника во Загреб.

– Како што веќе информиравме уплатени се првите 30.000 евра, кои се потребни за примање на правата терапија, односно сега е на хемотерапија. Втор дел од лекувањето е наоѓање донатор за коскена срцевина, бидејќи според испитувањето, никој од семејството не е потенцијален донатор. Третата фаза е пресадувањето за кое се потребни над 70.000 евра. Лекувањето ќе трае од девет до 12 месеци, вели Шарковски.

Тој се заблагодари што за само десет дена преку хуманитарни акции, интернет платформи, отворените мобилни телефони и донациите од бизнис секторот и хуманите граѓани се собрани половина од средствата. Апелира граѓаните да бидат хумани и да продолжат да донираат  на жиро сметката 270-7000448932-95 Халкбанк-Скопје и на телефоните за донации 143 460 на А1 и 143 424 на Т-мобиле.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗОО во хуманитарна акција: Донираме за Симона

Дали болеста на четиригодишната Симона од Штип беше искористена за лажен Инстаграм-профил?

(Фото) Браво за штипјани: Масовна поддршка на хуманитарната акција за четиригодишната Симона

Борбата за живот на четиригодишната Симона продолжува: Отворен број на Т-Мобиле

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема хуманитарна акција за донирање храна за социјално загрозени граѓани

Редакција

Хуманитарен музички настан за Леонид вечерва во Станица 26

Редакција

(Видео) Неколкувековна возобнова: Се бараат донации за доизградба на Женскиот манастир Рајчица

Редакција