Стаменка Менче Трповска, девојката за која вчера „еМагазин“ упати апел да се соберат 5.500 евра за операција на колкот, ги собрала парите за еден ден.
„Пријателчиња драги, ги собравме потребните средства за мојата операција во рекордно брзо време. Па похумана нација не постои!!! Фала ви на сите до еден!!! И шернувајте го и овој статус за да знаат луѓето дека ја завршивме донацијата само за еден ден!!! Македонијо, живеј во овој ритам“, напиша таа на нејзиниот фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На девојкава ѝ се распаѓа колкот трпи болки, потребни се 5.500 евра за артроскопска операција
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.