еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието го усвои и вториот нацрт-амандман на Уставот што се однесува на АСНОМ

Собранието вечерва со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 воздржани го усвои нацрт-амандманот XXXIV на Уставот на Репубпика Македонија. Претпладне пратениците го усвоија и XXXIII нацрт-амандман на Уставот, а утре во 11:00 часот 64. седница ќе продолжи со расправа по XXXV, а по неговото изгласување и по XXXVI нацрт-амандман.

За време на попладневната дебата за XXXIV амандман, со кој се предвидува во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ да се заменат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор, пратениците од власта и опозицијата ги бранеа своите веќе познати ставови.

Во дебатата се вклучи и Зијадин Села, од Алијансата на Албанците кој рече дека во преамбулата сите граѓани на Македонија треба да бидат еднакви без разлика на етничката припадност. Патот за ЕУ и НАТО, според него, е пат за повеќе права на граѓаните на РМ и еднаквост помеѓу народите и внатрешна меѓуетничка кохезија.

– Ние инсистираме да се дефинира како мултиетничка држава во Преамбулата. И верувам дека секој политички субјект во Собранието на еден или на друг начин го има кажано ова, рече Села.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров му реплицираше на Села дека е легитимно за овие прашања да се разговара, особено во јавната расправа што претстои.

– Не е добро чуството дека некој тука е привремено. Македонија е заедничка држава на сите нас и мислам дека е вредно за сето тоа да се дебатира, рече Димитров на пленарната седница.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По втор пат усвоен нацрт амандманот со кој во Уставот „Република Македонија“ се заменува со „Република Северна Македонија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија договара со Грција поставување на спомен-плоча на Гоце Делчев во Баница, каде што беше убиен

Редакција

На Попова Шапка снежна покривка од 21 см

Редакција

Законот за јавно обвинителство влегува во собраниска процедура, во вторник на јавна расправа

Редакција