еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Собранието на акционери даде зелено светло за продажба на винаријата „Сковин“

Собранието на акционери на винаријата „Сковин“ на вчерашната седница одобри голема зделка – продажба на недвижниот и движниот имот, пренос на трговски марки и ставање под залог на имотот кој се продава.

Вредноста на зделката изнесува 3.350.000 евра во кој износ не е вклучен ДДВ.

Како купувач на имотот се јавува „Винарија Сковин група“, а на трговските марки SIAK PTE. LTD Singapore.

Купопродажбата следува откако Одборот на директори на „Фершпед“ АД Скопје неодамна донесе одлука за продажба на винаријата каде е сопственик на мнозински дел од акциите. „Фершпед“ продажбата ја образложи со нерентабилно работење на винаријата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот сопственик на „Сковин“ ќе добие згради, земјиште, возила…

„Фершпед“ ја продава винаријата „Сковин“

Фото: Сковин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За да влезат Бугарите во Уставот, Беса ќе даде подршка ако албанскиот стане рамноправен со македонскиот јазик

Редакција

Франција предложи формирање на “Европска политичка заедница“ до крајот на годината

Редакција

„Пуцко петрол“ и „Супертрејд“ го добија тендерот на М-НАВ за набавка на горива

Редакција