еМагазин
Image default
Бизнис

Собранието на доверители на штипски „Бетон“ го смени стечајниот управник

Собранието на доверители на градежната компанија „Бетон“- Штип денеска донесоа одлука за нов стечаен управник да биде назначен Живко Калков од Скопје, наместо досегашниот Драги Димовски од Струмица.

Но, од Основниот суд во Штип велат дека судијата кој ја води постапката во рок од три дена треба да се произнесе дали има или не пречка за назначување нов стечаен управник.

Калков, кој е новото решение на Собранието на доверители е познат и како стечаен управник на Медиа Принт Македонија (МПМ), во чија сопственост беа згаснатите дневни весници и на фирмата Секјуриком, која ги обезбедуваше сите државни институции, а нејзиниот австриски сопственик по отварање на истрагата избега.

-На 7 февруари продолжува Собранието на доверители, на кое ќе се одлучува по две точки, едната е дали останува истиот состав на Собрание на доверители и третата е произнесување за иницијативата за реорганизација на фирмата Бетон, доставена од еден од доверителите, велат од Основен суд-Штип.

Од судот за МИА појаснуваат дека доколку на 7 февруари се донесе одлука за реорганизација, во тој случај иницијаторите треба да достават и план како ќе продолжи да работи „Бетон“, но доколку не ја прифатат иницијативата, во тој случај оваа компанија ќе се ликвидира.

МИА претходно информираше дека четири компании се најголеми доверители, односно си ги бараат побарувањата од „Бетон“. Прва на листата е Балкан груп констракшн со 27,65 отсто од вкупно утврдените побарувања, потоа на листата доаѓаат компаниите ТИМ Доо Скопје и Орка Холдинг, кои имаат по 16,76 отсто од побарувањата и ИСЦ груп ДОО со 2,75 отсто од побарувањата.

Според направениот попис, имотот на штипски „Бетон“ и неговите удели се вредни една милјарда денари. Анализите покажуваат дека недвижниот имот на градежната компанија „Бетон“ е ставен под хипотеки кај банките.

Побарувањата од доверителите и вработените се вкупно 1,5 милјарди денари, од кои признати побарувања се околу една милјарда денари. На барање на доверителите стечајот на компанијата „Бетон“ е отворен на 2 јули 2019 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца менаџери на Оилко лани имале примања од 80.000 евра

Редакција

УНИ Банка со добивка во првиот квартал

Редакција

Ќе ги плаќа по 10 евра за легло на ден: Владата ги повика хотелите да ги отстапат капацитетите за државни карантини

Редакција