еМагазин
Image default
Македонија

Собраниската Комисија за избори и именувања предложи директори во неколку испразнети институции

Комисијата за прашања за изборите и именувањата на Собранието ќе му предложи директор на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер да биде Пламенка Бојчева, а нејзин заменик Блерим Исени.

За директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци е предложен Имер Алиу, а за заменик директор Игор Кузески. Комисијата ќе му предложи на Собранието директор на Агенција за квалитет во високо образование да биде Агим Рушити.

Поништен е огласот за избор на членови на Комисијата за дискриминација. Пратеничката Ивана Туфекчиќ предложи на првата наредна седница да биде распишан нов оглас.

Имајќи ги предвид роковите и најавеното распуштање на Парламентот пред изборите, членовите на Комисијата рекоа дека ќе се обидат да изберат членови пред распуштањето.

Комисијата не избра член на Судскиот совет, а претседателот на Комисијата Илија Димовски кажа дека потпишал решенија за апанажа за поранешни функционери и тоа Асаф Адеми, Хазби Лика, Сухејл Фазлиу, Весел Мемеди.

Комисијата денеска му предложи на Собранието Максим Ацевски да биде главен државен ревизор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подгорица официјално потврди: Груевски на 11 ноември влегол и излегол од Црна Гора

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција

Боки 13 е во добра општа состојба, во болница останува до понеделник

Редакција