еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Социјалните мрежи „брујат“ за случајот Димитров: Непотизам или потенцијална дискриминација?

Прашањата има ли право близок роднина на висок државен функционер да аплицира за државни средства за школување додека трае мандатот и дали тоа отвора можност за сомневање во непотизам при одлучувањето во комисиите се главни во дебатата што се отвори на социјалните мрежи откако се обелодени дека најголемата ќерка на министерот за внатрешни работи Никола Димитров добила државна стипендија од 40.000 долари за студирање во Холандија.

Од една страна се граѓаните кои бараат политичка одговороност заради непотизам, а од друга се оние што сметаат дека секој има право да аплицира за државни пари.

За овој случај, од Владата соопштија дека доделувањето стипендии во 2017 година се одвивало во законската постапка и врз основа на јасни, прецизни, правно уредени и пропишани критериуми и услови.

„Секој кандидат кој ги исполнуваше условите за доделување стипендија за студирање на најдобро рангираните 100 универзитети беше стипендиран, без каква било дополнителна селекција или приоретизација.

Во конкурсот немаше ограничување на бројот на места, а во 2017 година имаше помалку кандидати од одобрените средства за стипендии.

Процедурата беше во согласност со критериумите, сите одлуки за стипендии беа донесени пред распишувањето на изборите, во законски дозволениот рок.

Формираните комисии одлучуваат во определени временски интервали, согласно доставените пријави за стипендирање. Заради почитување на законските рокови, сите одлуки се донесени пред распишување на изборите, со цел студентите да не ја испуштат учебната година која почнува или во септември или октомври, зависно од универзитетот.

Заради изборите беше поместено и одлучувањето за стипендиите за Шефилд кои ги доделува МОН во содејство со Претседателот на РМ.

Секој студент којшто ги исполнува строгите критериуми за упис на најдобро рангираните 100 универзитети има право да добие стипендија и не смее да биде дискриминиран, а истото важи и за ќерка на сегашен функционер“, соопштија оттаму.

Останува граѓаните сами да судат дали ова би бил случај на дискриминација или пак е непотизам.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела од Ковид-19 починале 85 лица, најмногу од Скопје, 35

Редакција

Нови 389 случаи на Ковид-19 од 2.445 тестирања

Редакција

ЕВН Хоум доби за 16% повисока понуда од ЕСМ за цената на струјата

Редакција