еМагазин
Image default
Македонија

Сончево и потопло време

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, поголема на северот и на истокот. Утрово ќе има услови за појава на магла.

Во северните делови ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а на југот и од пладневните часови ветерот ќе биде јужен. Минималната температура ќе се движи од -9 до -1, а максималната од еден до девет степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температура ќе биде во интервал од -6 до два степена.

Според УХМР, следните денови ќе преовладува облачно време со услови за магла по котлините.

Утре ќе се зголеми облачноста, а од крајот на денот ќе почнат нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на планините од снег. Се очекува најпрво да се поинтензивни на запад, а потоа да се прошират насекаде и да траат и во ворник кога ќе се поинтензивни на југоистокот и истокот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ги убедија ли Меркел, Курц и Столтенберг граѓаните да излезат на референдум

Редакција

Јанакиески донесен од затворот „Скопје“ на судењето за рушењето на „Космос“

Редакција

(Фото) Груевски има највисок рејтинг во анкетата на ИРИ

Редакција