еМагазин
Image default
Македонија

Сончево и топло до петок, за викендот повторно дожд

Сончево време со мала облачност ќе преовладува денеска во Македонија, а попладне во крајните западни делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 20 степени, а максималната од 28 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 31 степени.

До петок ќе биде стабилно и суво со пораст на дневните температури. Во петок исто така ќе биде топло, но се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во западните делови. Услови за повремен дожд ќе има и во сабота на повеќе места, но со помал интензитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Се „јави“ и Бранко Црвенковски

Редакција

На судењето за несреќата кај Ласкарци сведочеше вештакот Зекири

Редакција

Меџити, Гаши и Касами носители на листите на коалицијата „Вреди“ за парламентарните избори

Редакција