еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сопругата на диџеј Ицко: Ќе излеземе на прав пат, не се секирај и не се сомневај, бидејќи ти секогаш ќе внимаваш на нас

На социјалните мрежи со својот сопруг Ристо Меловски – диџеј Ицко се прости и неговата сопруга Наташа.

“Нема зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со големо Д за сите.

Празнината секогаш ќе боли, но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам душичке моја, љубов моја.

Ти благодарам за секој прекрасен момент, за тоа што секогаш знаеше да ме насмееш и орасположиш.

Тешко е, но морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред, морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене.

Ќе излеземе на прав пат, не се секирај и не се сомневај, бидејќи ти секогаш ќе внимаваш на нас, знам. Нека ти е светол патот кон вечноста“, напиша таа на Фејсбук.

Меловски кој почина на 48 годишна возраст поради компликации од корона вирусот беше татко на две деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од корона вирусот на 48-годишна возраст почина македонскиот диџеј Ицко

Фото: Фејсбук/Меловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Академик д-р Жан Митрев за лидерството во услови на криза: „Вистинските јунаци, на мака се познаваат“

Редакција

Четири години бил во кома денес е матурант: Јован е чудо од дете

Редакција

Документарна театарска претстава, по текстови на жени болни од рак

Редакција