еМагазин
Image default
Македонија

Сопругата на Младенов: Причина за несреќата во која загина Никола беше неприлагодената брзина

Сопругата на сопственикот на Фокус, Никола Младенов, кој загина во сообраќајна несреќа, Билјана Младенова во интервју за телевизијата 1ТВ рече дека причината за несреќата во која тој загина е неприлагодена брзина.

„Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат претходната фактичка состојба дека Никола загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина, согласно условите на патот.

Јас ја разбирам добрата намера на сегашната влада. Луѓето ја изгубија целосно довербата во институциите на системот. Тоа дополнително ги подгреваше сомнежите не само за сообраќајната несреќа на Младенов. Тоа не беше констатација само на граѓаните, туку и од целокупниот меѓународен фактор, добивме оценка дека нашиот правен систем е урнисан и имаме заробена држава.

Да бидам децидна. Причината за трагичната сообраќајна несреќа е брзината. Апсолутно немам сомнеж дека стои нешто покрупно“, рече Младенова.

Фото: 1ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 66 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Уште едно обвинение за Рамиз Мерко

Редакција

Мицкоски најави кривични пријави за доаѓањето на пратениците позитивни на Ковид-19 во Собранието

Редакција