еМагазин
Image default
Локално

Сопружници се степале и демолирале изнајмена викендица во Маврово

Сопружници направиле штета на инвентар и си нанеле повреди, откако се степале во викендичка која ja изнајмиле.

Според СВР Тетово, вчера било пријавено дека во викендица во Маврово, во која престојувале, двајца сопружници од Скопје на возраст од 25 и 34 години ја оштетиле внатрешноста на објектот. По увидот било утврдено дека тие претходно меѓусебно физички се пресметувале и си нанеле повеќе телесни повреди.

Двете лица се лишени од слобода и задржани се во Полициското одделение Маврово за расчистување и документирање на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за петорица кои тепале возач на автобус

Редакција

Кои улици ќе бидат затворени: Посебен сообраќаен режим заради синдикалниот марш

Редакција

Шеесетгодишник од Теарце починал додека управувал возило по што излетал од патот

Редакција