еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат паушал ако живеат во нив

Ниту еден граѓанин кој живее во стан во негова сопственост што бил исклучен од системот за централно греење пред 31 март 2019 година нема да плаќа никаков трошок за испорака на топлинска енергија од системот за централно греење започнувајќи од сметките за месец април, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Обврската за плаќање фиксен надоместок за централно греење ќе продолжи единствено за граѓаните кои се исклучени од системот за централно греење и нивните станови се празни.

Од Комисијата појаснуваат дека за ослободување од плаќање сопствениците на становите што се исклучени од системот за централно греење се должни до снабдувачот со топлинска енергија да достават барање што е одобрено од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и е достапно на шалтерите на снабдувачот, имотен лист на станот кој не е постар од 30 дена за кој бараат ослободување од обврската и лична карта на увид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во септември за 50 денари пораснала синдикалната потрошувачка кошница

Редакција

Во наредните 10 дена ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи, тврди Бектеши

Редакција

Пензионерите со јулската пензија добиваат зголемени пензии за 1,2%

Редакција