еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Состојбата со корона вирусот од аспект на психолог: После фазата на гнев, ќе следи депресија па апатија

Дора Попова-Узуновски е психолог, психотерапевт, гешталт терапевт и м-р по клиничка и советодавна психологија. Основач е на Центарот за применета психологија „Дора“ од 2015 година, каде се уште активно работи. Автор е на повеќе книги.

Имајќи ја предвид нејзината стручност и можност од друг психолошки аспект да укаже за состојбата од корона вирусот и неговите последици по психата на човекот, нејзиниот статус на Фејсбук, со нејзина дозвола, го пренесуваме во целост:

„Цела планета секој ден слуша една иста проста граматичка ама многу е…,но умествено разорна реченица… ИЗОЛИРАЈ СЕ, ИЗОЛИРАЈ СЕ, ИЗОЛИРАЈ СЕ, ИЗОЛИРАЈ СЕ… Е сега малце вака…

Сигурна сум дека секој од Вас повремено во текот на ситуацијава (а тоа чувство се повеќе ќе се зголемува) добива јаки напливи на енергија одвнатре да се истрча, извика, искока и сл. Неможноста тоа да го прави поттикнува реакција на бунење во организмот која излегува во форма на нервоза или поточно лутина.

Во првите денови нешто сите се адаптираат, па измислуваат се и свашта, од нови рецепти за готвење, шали, игри со семејството, неиспробани секс пози, креативни поезии и прози, лакирање нокти, читање книги, завршување на некои недовршени домашни обврски, тешење и давање взаемна поддршка, бла бла… арно ама… како поминува времето во новата рутина, тоа ќе почне се да Ви биде здодевно, бидејќи умот едноставно функционира на таков начин.

После извесно време новото станува старо и му здосадува. Во таа фаза на здодевност секако ќе биде ограничен да измислува нешто ново, а и стравот лошо делува врз креативноста, бидејќи е блокирачко чувство и тогаш се влегува во фаза на сериозна нервоза, чии последици ќе ги почувствувате Вие и тие до Вас.

Согледувањето на немоќта од нервозата, ќе ја истурите на социјалните мрежи дека другите се виновни за тоа што вирусот не поминува, а всушност „пиздите“ зашто сакате надвор да излезете, ама не можете. Потоа, после фазата на гнев, ќе следи депресија. Депресијата ќе настапи тогаш кога гневот ќе почнете да си го голтате како резултат на немоќта ништо да смените.

А кога гневот го голтате станувате автодеструктивни, бидејќи енергијата нема можност да се изрази и искреира сама од себе, па се враќа назад во телото и почнува да го разорува, па од таму ќе следат многу психосоматски, автоимуни болести.

Крајната фаза од депресијата е апатијата односно чувството на NUMB кога веќе ништо не чувствувам, ниту мислам. Целосна анестезија. Е тогаш иде атрофијата на умот кога човек станува крајно сугестибилен, лесен за манипулирање, бидејќи го изгубил критичкото мислење и е ставен во очајно зависна положба.

И верувајте, на некои таму невидливи за нас сили, од необјасниви за нас причини им одговара точно ова да го видат, па затоа ни го направија и вирусот. Што била прикаската, ќе дознаеме отом-потом.

Да ве потсетам дека најголемата казна во сите затвори за затворениците кои се проблематични е изолацијата во посебна ќелија, при што колабираат умствено и кога излегуваат од неа, се скроз здробени. Истата мерка се користи кога некој го тераат нешто да признае. Истата мерка се користи за агресивните шизофреничари во сите санаториуми.

И во видеото што ви го постирав за др. Пановски, човекот рече: „Не ми е страв од епидемијата, страв ми е од тоа колку ќе траат мерките. Ќе има и такви што скроз читави ќе излезат, не викам не. Ама тие да знаете дека се луѓе со енормно високо ниво на свесност кои имаат енормно висока самоконтрола. Фрката е што тие се многу малку,“ пишува Попова Узуновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прв смртен случај од корона вирусот во Македонија: Жената два пати била тестирана, тестовите биле негативни

Седете дома за да им олесниме: 23.000 здравствени работници се грижат за два милиони народ

(Видео) Босански лекар од Италија: Војна преживеав вакво нешто немам видено, корона вирусот го „јаде“ ткивото на белите дробови

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заштедите растат, доказ дека граѓаните веруваат на банките

Редакција

Европратеници бараат ЕУ да ги замрзне преговорите со Србија

Редакција

Германија легализираше марихуана за лична употреба

Редакција