еМагазин
Image default
Македонија

Советничката на министерката Ангеловска, Олимпија Христова Заевска поднесе оставка

Олимпија Христова Заевска, шефица на кабинет на министерка за финансии, Нина Ангеловска, си поднесе оставка.

Таа за ова одлука информираше на нејзиниот фејсбук-профил.

Кога Ангеловска го претстави новиот тим од нејзиниот кабинет, за Олимпија Христова Заевска напиша дека е посебен советник за меѓународни финансии, ИПА и односи со ЕУ.

„Сигурна сум дека Олимпија значајно ќе придонесе на патот кон економски развој и паметно финансирање на развојни проекти,“ напиша тогаш Ангеловска.

За тимот, министерката тогаш рече дека формирала професионален и енергичен тим, тим кој нема да прифаќа „не, тоа не може” без пред тоа да ги проба сите начини и креативни солуции.

Фото: Фејсбук/Заевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активни шест пожари, во Скопско, Прилепско, Струмичко, Беровско и Центар Жупа

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската дебата за интерпелацијата на Спасовски

Редакција

Обвинителството отвори предмет за масовното присуство на граѓани на Литијата во Струга

Редакција