Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот Фејсбук профил информираше дека советник од неговиот кабинет е позитивен на Ковид-19.
„Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место. Последен пат бил на работа на 02.06, а тестот го направил на 06.06. месецов, кога е потврдено дека е позитивен“, пишува на ФБ Чулев.
Последната негова средба со ова лице била на 24.05. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија има повеќе жени заразени со корона вирусот
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.