еМагазин
Image default
Македонија

Советникот на Филипче кај кого полицијата откри марихуана, не е повеќе дел од неговиот кабинет

Министерството за здравство информира дека Горјан Гилевски повеќе не е ангажиран со работа во ресорното министерство.

„Најостро ги осудувам сите постапки на прекршување на закони во државата. Нема селективна правда, законот важи подеднакво за сите и мора да се почитува од секој граѓанин во општеството.
Горјан Гилевски не е повеќе ангажиран со работа во ресорното министерство и тој не е советник во кабинетот. Очекуваме надлежните институции да постапат соодветно по случајот,“ изјави министерот Венко Филипче.

Овој случај ја разбранува јавноста, откако вчера МВР објави дека кај лицето Г.Г. при претрес во Градски парк била пронајдена марихуана. Медиумите подоцна објавија дека станува збор за советник кој е дел од кабинетот на Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Методија Димовски именуван за нов генерален секретар на Владата

Редакција

Денеска ќе се решава за судбината на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Редакција

Починаа уште тројца од корона вирусот, меѓу кои и 42-годишен пациент

Редакција