еМагазин
Image default
Македонија

Советот на Европа потврди дека е побарано мислење за Законот за употребата на јазиците

Од Советот на Европа се потврдува дека Владата на Република Македонија побарала мислење од Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците, но притоа не се даваат коментари, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Секретаријатот на Венецијанската комисија, што се наоѓа во Стразбур, потврди дека е добиен Законот за употребата на јазиците, но не сакаат да коментираат пред да тој биде разгледан од неговите експерти, односно пред изработката на мислењето.

Од Советот на Европа, исто така, не сакаа да коментираат ниту за тоа дека „Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се наведува дека не е дозволен владин притисок од каков било вид врз национален претставник на телото“, како што тврди професорката Татјана Каракамишева, која е сегашен член на Комисијата во името на нашата земја.

Националните експерти во Венецијанската комисија, се поткрепувани од правници на Советот на Европа и секретаријатот на Венецијанската комисија при анализирање на законските или уставни текстови, кои им се дават на разгледување, по што таа дава мислење.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев вели дека албанскиот јазик е втор официјален јазик, соопштението на Владата кое го негира тоа не го прочитал

Заев подготвен прв да земе двојазичен пасош со новото име – Република Северна Македонија

Колку ќе чини спроведувањето на двојазичноста: Само за Агенцијата за јазици предвидени 8 милиони, а за инспекторатот 7 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Муареми демантира дека против него е поднесена кривична пријава од страна на Обвинителство

Редакција

Поддршка за номинацијата на Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир од 33 европратеници од 16 земји

Редакција

Третата жртва од несреќата кај Лесковац е од Кавадарци, шоферот на автобусот во притвор

Редакција