еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Советот на Општина Охрид ги повлече точките за легализација на објекти на крајбрежјето на Охридското Езеро

Општина Охрид преку соопштение до медумите најави дека од дневен ред на седницата на Советот на општината закажана за утре се повлекуваат сите точки поврзани со легализирање на бесправно изградени објекти на локации долж крајбрежјето на Охридското Езеро.

Во информацијата се појаснува дека актуелниот состав на Советот на општината досега има донесено 276 одлуки за легализирање на бесправно изградени објекти, со нагласок оти истите се усвоени едногласно.

Од Општина Охрид наведуват дека редовните и тековните обврски на општината, како што е наведено „не смеат да бидат злоупотребувани,за политички поткусурувања и евтина политичка пропаганда“.

Активистите на неформалната Граѓанска иницијатива „Охрид СОС“ минатата седмица јавно ги прозваа општинските институции, пред се Советот на општината, дека на затскриен начин вршат легализација на непосточеки објекти на одреден број атрактивни катастарски парцели на самиот брег на езерото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Охрид тврди дека постапката за легализација на дивоградби е согласно позитивната законска регулатива

Охрид СОС обвинува дека Општина Охрид повторно се обидува да легализира дивоградби на атрактивни локации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ирена Ристиќ и пријателите ги исчистија отпушоците пред полициската станица „Беко“

Редакција

Од утре прeстанува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз

Редакција

Низ изложба ќе се прикажат единаесет критични жешки точки во Македонија, кои се извори на загадувањето

Редакција