еМагазин
Image default
Македонија

Советот на Општина Струга можел да го спречи набавувањето на автомобилот на Мерко

До крајот на јуни се очекува општините да ги завршат преговорите со доверителите, а до крајот на годината да ги вратат долговите. Општините имаат обврска да објават и детален извештај за редоследот на исплаќање на долговите.

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу денеска повторно побара од градоначалниците да бидат одговорни и транспарентни во трошењето на јавните пари.

–  Кога некој ќе ви пружи рака за да ви помогне во тешка ситуација, треба средствата да бидат искористени одговорно за да не оставите впечаток кај граѓаните дека правите некаква злоупотреба бидејќи тоа ќе ве оштети вас како градоначалници, но ја оштетува и Владата и општеството, истакна Фазлиу, одговарајќи на прашање по денешната прес-конференција во Владата.

Во однос на набавката на луксузни автомобили во општина Струга, министерот најави посета на оваа општина и средба со градоначалникот Рамиз Меркo со цел лично да се информира за целата ситуација.

–  Ако постои некаква одговорност за Струга, тогаш граѓаните треба да ја бараат од претставниците на Советот на општината затоа што колку што сум јас информиран набавката поминала и на Совет каде била изгласана од мнозинството. Тие можеле да забележат дека ако се работи за луксузирање, во тој момент да ја стопираат таа постапка, рече Фазлиу.

Владата им додели средства на општините со цел да им помогне да исплатат 51 процент од долговите што ги имаат.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Срамота е градоначалник да се вози во Шкода. Да, срамота е. Во ЕУ се возат со точак или градски превоз“: Мерко на „тапет“ на Твитер

Мерко: Mоже требаше да купам уште поубаво возило, нема да се возам во „фиќо“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР и Пошта ќе соработуваат за побрза и поефикасна испорака на лични документи

Редакција

Антикорупциска бара одговорност од министерот Спасовски заради техничкиот преглед на „Беса Транс“

Редакција

Левица во Собранието оствари средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин

Редакција