еМагазин
Image default
Локално

ЈСП: Aвтобуската постојка Југодрво е вон употреба

Поради реконструкција на коловозот на булевар „Кочо Рацин“ и воведениот времен режим на сообраќај, автобуската постојка Југодрво е вон употреба, информираат од ЈСП.

„Поради градежните зафати, автобуската линија 9 сообраќа по изменета траса во правец од Скопје Север кон Клинички центар, односно, автобусите после Бит пазар, вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, лево по булевар „Филип Втори Македонски“ (од кај МНТ), кај Градска болница лево по булевар „11 Октомври“ (Зелен пазар) и десно преку булевар „Кочо Рацин“ продолжуваат по вообичаената траса.

Во правец од Клинички центар кон Скопје Север, возилата сообраќаат по својата редовна траса.Посочените измени ќе важат се до обезбедување услови на терен за вообичаен режим на функционирање на јавниот превоз“, информираат од ЈСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Крушево загина кога воз удрил во неговото возило во близина на железничката станица во Прилеп

Редакција

Скопјанка ограбила стружанец во тоалет на кафана

Редакција

(Видео) Кавга на Арсовска и Славевски во Советот на Град Скопје заврши со полиција

Редакција