еМагазин
Image default
Локално

ЈСП: За првомајските празници автобусите ќе возат до 14 часот по неделен возен ред

ЈСП информира дека јавниот превоз во петок 1 Мај, сабота 2-ри и недела 3 мај ќе функционира од 5 до 14 часот, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Останатиот тековен возен ред, до исклучувањето на возилата до 14 часот, можете да го видите на интернет страницата на ЈСП.

В петок и в недела од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).

„В сабота од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Отворени од 7.30 до 12 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар (автобусот)“, информираат од ЈСП.

Оттаму потсетуваат дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики, дел од секундарната продажна мрежа на претпријатието.

„Посочениот режим на јавниот превоз и работното време на билетарниците е согласно одлуката на Влада на РСМ за ограничено движење на граѓаните за време на првомајските празници“, велат од ЈСП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За првомајскиот викенд сонце и повремен дожд

Сите детали: Првомајскиот викенд со скратен полициски час

Сите детали: Грција во мај ги „отвара“ продавниците, трговските центри, фризерските салони…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајден мртов маж во возило во Велес

Редакција

Браќата од Гевгелија не разговарале повеќе од 40 години, а убиството се случило поради поднесена тужба

Редакција

Полицајци со истрели смирувале насилници пред диско во Ресен

Редакција