еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Спасе останал без родители, живее сам и наследил долгови  

Спасе Богоевски е 15-годишно момче со кого судбината прерано си поиграла. Лани, за само неколку месеци ги загубил и двајцата родители и извесно време живеел со роднини во Марино. Бидејќи го сака спортот, тренира фудбал за ФК „Македонија Ѓорче Петров“.

Во разговор за „еМагазин“ ни откри дека деновиве треба да биде згрижен во Детското село СОС, бидејќи никој не сака да му биде старател. Го прашавме дали сака да оди таму.

„Па не знам како да ви кажам, растен сум со родители, воспитан доволно за да се бори и снаоѓа во животот. А таму се деца без мајка и татко. Многу е чудно самото влегување таму, како нешто да ме стега. Но, ако морам ќе се навикнам“, вели Спасе.

Најголемиот проблем му се, како што вели сметките за струја и вода кои се насобрале околу 3.000 евра и се наследен долг од родителите. А, има и кредити.

„Куќата е стара, испукана, без струја. Но, долговите си остануваат иако ќе заминам во Детското село СОС“, додава Спасе.

Помош веќе е пристигната и од ракометниот клуб „Еурофарм Работник“.

Доколку некој сака на кој било начин да му помогне, побарајте го на 075 722 246 или пишете му на Фејсбук-профилот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Старица во Струмица убиена со давење или задушување

Редакција

„Градежна мафија и слаби институции во држава каде владее мафијата“: Груевски за пресудата за „Космос“

Редакција

Од Ковид-19 починаа 25 лица, во Скопје најмногу 12

Редакција