еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Имаме сериозни индиции дека пожарите се подметнуваат од политички причини, вели Спасовски

Ситуацијата во делот на пожарите, за жал ескалира во државата и тоа од неколку причини, не се само временските услови што се поволни за пожари, затоа што имаме навистина сушен период, меѓутоа најголемиот дел од нив се пожари што се подметнуваат. Доколку ова што ни се случува е од политички причини, а имаме сериозни индиции тоа да го потврдиме во наредниот период, станува збор за сериозен тероризам што се прави на државата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред француската амбасада.

Тој информира дека досега имаат поднесено кривични пријави против девет лица како сторители на пожари, а најголем дел од нив, како што посочува, се во врска со бизнис интереси во делот на трговијата со дрва.

– Апелирам во овој дел на пожарите и оние што се нарачатели од кој било апсект, ако е тоа од бизнис заедницата, бизнисот не се води преку предизвикување на штета врз природата. Ако е од политички аспект, сакам да упатам порака на политичарите да не се занимаваат со работи што прават директна штета и на природата и на државата само заради ситни политички поени, со тоа не се добива ништо, рече Спасовски.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „зовре“ за пожарите: „Стево на проба да не ја запали депонијата кај Борис Трајковски“

Пожари секој ден: Кој тоа си ја пали сопствената држава и сака да предизвика криза?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дескоска: Грчкото министерство за правда сѐ уште без одговор на барањата за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Редакција

Скринингот на учениците за Ковид-19 ќе биде со брзи тестови, најави Петличковски

Редакција

Фон дер Лајен твитнала на македонски. Ма што збориш!

Редакција