еМагазин
Image default
Локално

Спасовски: Нападот врз Борис Мутков – Фантом пресметка на криминални групи

Во врска со инцидeнтот со Борис Мутков, познат како Фантом, кон кој било пукано вчера со автоматско оружје додека се возел со својот автомобил „мерцедес“ во скопската населба Бардовци, според првичните сознанија, како што информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција, се работи за пресметки на криминални групи.

„Тоа се луѓе познати на јавноста по криминални активности. Но, оставам истрагата да покаже и да ги утврди сите факти и да се види дали има поврзност помеѓу групите, настаните“, одговори Спасовски на новинарско прашање дали има првични сознанија, дали тој напад има врска со нападот што се случи претходно во хотелот Александар Палас во Скопје.

Министерот Спасовски нагласи дека тоа лице го видел и во Собранието на 27 април.

Инаку, Борис Мутков беше осуден на осуммесечна условна казна затвор за упадот во Собранието од 27 април, заради учество во толпа.

МИА/Фото:МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од МВР: Приведено едно лице за „филмското“ пукање во „Мерцедес“ кај Бардовци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца го претепале во Медицинскиот центар Кичево

Никола Осило

Охриѓанец физички нападнал полицајци

Никола Осило

Невреме го зафати Скопје

Редакција