еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спасовски: Не постои договор со ВМРО-ДПМНЕ односно со Никола Груевски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија изјави дека би било исправно да се одбие барањето за азил и Никола Груевски да биде екстрадиран во Македонија и да ја извршува казната.

Тој посочи дека не само што е чудно, туку е и жално, држава-членка на Европската унија да биде место во кое дошол поранешен премиер на Република Македонија, кој е осуден поради криминал.

„Недозволиво е една земја-членка на ЕУ да дава поддршка на вакви лица. Никола Груевски нема апсолутно никаква друга закана која е политичка или закана по неговиот живот од политички аспект за тој да бара азил. Досега во ниту еден момент ниту Никола Груевски, ниту членовите на неговото обезбедување немаат пријавено во МВР дека некој им се заканува“, рече Спасовски.

Тој додаде треба да се размисли сериозно во однос на одлуката за азил дали вреди, дали е добро да се носи таква одлука во услови кога не само поради ова кривично дело, не само поради правосилната пресуда, туку и поради тоа што треба да се земе предвид дека против него се водат уште многу постапки во судовите.

Во врска со тоа евентуалната логистичка поддршка што ја имал Груевски тој рече дела МВР ќе работи на детектирањето, обезбедувањето на информации, податоци за тоа дали и кој ја дал таквата поддршка.

„Значи можела да биде изречена мерка притвор. Ако тоа беше случај со Груевски, ако беше во притвор немаше да се случи ова што се случи сега. Ако гарантираше со неговиот имот, денеска ќе му беше одземен. Меѓутоа беше одредено само да се одземе неговата патна исправа. Сериозно внимание треба да посветат и обвинителството и судот во однос на овие процеси, бидејќи тие се единствено надлежни за барање на мерките. МВР нема никаква надлежност во водењето на кривичната постапка, освен она што ќе го добие како наредба од јавниот обвинител или од судот“, рече Спасовски.

Тој појасни дека при извршените проверки во станот во кој живее Груевски, неговата сопруга била дома и овозможила луѓето да влезат во станот и да се изврши проверката. Посочи дека изутрината биле и на локација каде живее неговата мајка, за да видат дали може и таму да се наоѓа Груевски.

„Извршена е и проверката таму, мајка му била тука, значи и таа како член на семејството не е замината со него. Се прават микро и макро планови во делот на постапувањето на Одделот за потраги. Ние тоа вчера го направивме, ги мапиравме микро локациите каде може да се наоѓа Никола Груевски, се знае макро локациите – излезите на главниот град, границите, излезите на Република Македонија и врз основа на тоа се постапува оперативно во таа криминалистичка постапка“, рече Спасовски.

Тој најостро ги демантираше сите зборувања во јавноста дека постои каков било договор со ВМРО-ДПМНЕ, односно со Никола Груевски и другите кои се дел од тие постапки.

Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Спасовски судиите се одговорни зошто Груевски е во бегство

Џолев: Обвинителството во ниеден момент не побара притвор за Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јосифовска-Спасовска: Вложувањето во жените поттикнува раст и напредок на заедницата

Редакција

Шест новозаразени со Ковид-19 во Дебар, активни 37 случаи

Редакција

(Фото) Македонската Армија слави 29 години постоење

Редакција