еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски негира дека имал редовни контакти со Боки 13

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска негираше дека имал редовни контакти со обвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“.

– Службени контакти, два или три кои биле, се однесуваа на одредени пријави кои ги имаше тој и новинари во телевизијата за упад во електронскиот систем во телевизијата и за тоа беа остварени средби со директорот на Бирото за јавна безбедност.

Апсолутно не станува збор за било какви други контакти, ниту пак за разговор со него или со било кој друг вклучен во криминални активности, подвлече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со сведочењето на Ана Камчева дека тој бил редовно во контакт со Јовановски.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камчева: Бев исплашена од моќта на Јанева, но потоа сфатив дека специјалниот јавен обвинител е Јовановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Не можете цели нации да ги оквалификувате како фашистички, не станува збор за бришење на историјата

Редакција

(Фото) Мицкоски во Будимпешта се сретна со Орбан

Редакција

Евроамбасадорот Гир е во Собрание, ја следи седницата за „францускиот предлог“

Редакција