еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спасовски очекува Интерпол да ја објави потерницата по Груевски

МВР неколкупати контактира и поднесува документи и преку своите кадри и преку Министерството за правда за распишување меѓународна потерница по поранешниот премиер Никола Груевски. Документите за распишување на потерницата по Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април се доставени до Интерпол  и очекуваме потерницата да биде објавена, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по официјалното почнување на Твининг проект за усогласувањње на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување.

Интерпол, вели Спасовски, се уште врши некакви испитувања. Тој смета дека потерницата што е испратена ги исполнува критериумите за да биде објавена.

Нагласи дека потерницата со сите потребни документации и без никаков недостаток е доставена до Интерпол.

Спасовски е уверен дека нема никаква правна пречка потерницата за Груевски да биде објавена во Интерпол, особено за вакви кривични дела и очекува дека врвот на Интерпол ќе донесе таква одлука.

Во врска со тоа дека партијата ВМРО-ДПМНЕ вршела влијанија врз судии и дали тоа е пријавено во обвинителството, Спасовски одговори оти тоа е факт.

-Вие сите како новинари разговарате за „сваровски судство“ и за вршење притисок врз судството. Јас на моето интервју укажав и сега укажувам дека за подобрувањето на правниот амбиент во државата, на можноста да имаме навистина правда за сите во државата, треба навистина да се поведат одредени истраги и против судии, и против обвинители, и против припадници на МВР ако сакаме беспрекорно да имаме подобрување во оваа сфера.

Затоа што не е прифатливо МВР да отвора случаи, да ги води, да дојдеме до ситуација на покренување истрага, апсења и по неколку часови тие исти луѓе да бидат пуштени од страна на судот, рече Спасовски.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускоска: Интерпол не сака да објави потерници за Груевски и Бошковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штетите од земјотресите во Турција достигнаа 103,6 милијарди долари

Редакција

81,2% од оздравените од коронавирусот во Македонија се лекувале дома

Редакција

Што треба да знаете за ХПВ, вирус од кој е заразен секој трет маж во светот

Редакција