еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски потврди дека МВР е влезено во три фирми, но не кажа дали се на Камчев

Денеска МВР, по наредба од надлежниот суд и од обвинител, е влезена во неколку фирми, со цел да се изврши контрола, проверка на сите факти, аргументи кои се дадени во наредбата, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи одговарајќи на новинарското прашање дали е точно дека МВР врши истрага во фирми на семејството Камчеви.

Според Спасовски станува збор за три фирми.

– По наредба од надлежен суд и од обвините, денеска МВР е влезена во неколку фирми со цел да се изврши контрола, проверка на сите факти, аргументи кои се дадени во наредбата. Тоа е работа на полицијата која ќе влегува во сите фирми и ќе спроведуваме постапки за сѐ каде што ќе имаме сомнежи за криминал.

Од МВР нема информации, со имиња, во кои фирми се влезени. Јас само потврдувам дека се работи на расчистување на работите во три фирми, изјави Спасовски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орка Холдинг со демант за полициска акција во „Монт“, се работи за контрола од инспектори од МВР

Полициска акција во три фирми на Камчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ганка Цветанова за скандалот со Заев и руските комичари: Го замолувам да не зборува

Редакција

Левица поднесе 425 приговори за изборите до ДИК, се најавуваат уште

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Сметаме дека денешната седница е завршена

Редакција