еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски: „Рекет“ ќе се расчисти докрај и секој што е инволвиран ќе одговара

Интензивно се работи по наредби на Јавното обвинителство за гоненење на организиран криминал и корупција за целосно расчистување на случајот „Рекет“. Тоа е многу важно и за државата и тоа покажува дека институциите имаат сериозен капацитет. Ниту во овој случај, ниту во кој било друг случај, нема можност за заштита на било кој, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за МИА.

Посочува дека се преземаат низа активности што треба да дадат одговор на сите прашања во истрагата, но оти не може да се споделуваат повеќе информации, бидејќи истрагата е во тек.

– Меѓутоа, едно треба да бидеме сигурни и воедно ја убедувам јавноста дека докрај ќе се расчисти тој случај и дека без разлика кој е учесник во таков случај – дали е политичка личност, дали е која било јавна личност или е обичен граѓанин, а кој учествувал во вакви активности, докрај ќе биде санкциониран, изведен пред лицето на правдата, нагласува Спасовски.

Смета дека „Рекет“ треба да биде уште поголем мотив до Јавното обвинителство и до судовите конечно да застанат во заштита на интересите на државата и дополнителен мотив до граѓаните да пријавуваат вакви случаи.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот обвинител Наков: Полномошното на Јанева нема никаква правна важност

„Катица од притвор си раководи со даљинско“: Твитер реакции за писмото кое Јанева го прати до СЈО од Шутка

Адвокатот Павлески: Одлуката да не ја бранам Јанева е од лични причини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пристигна втората пратка вакцини од Србија од 3.510 дози

Редакција

На излез од земјата ќе се става печат со појаснување дека патните исправи се на Република Северна Македонија

Редакција

Комисијата за имунизација препорача трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, за здравствените работници и пациентите со имунокомпромитирана состојба

Редакција